Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ПРВО ПОЈАВУВАЊЕ НА КРИС РОК ПО ШАМАРОТ: Со солзи во очите накратко се осврна на инцидентот

Крис Рок првпат се појави во јавноста по шлаканицата за неговата комична изведба која беше распродадена, а обожавателите му пружиле подршка, носејќи маици кои го исмејуваат Вил Смит.

Крис Рок (57) го имаше своето прво јавно појавување откако минатата недела на доделувањето на Оскарите прими жестока шлаканица од Вил Смит (53).

Комичарот настапи во средата во театарот „Вилбур“ во Бостон, проследен и сниман од фоторепортерите по неговото пристигнување. „Како помина вашиот викенд?“, емотивно ја праша Крис публиката пред почетокот на неговата изведба.

Веднаш пред 3.000 фанови, од кои некои платиле и илјада долари по инцидентот за да го видат неговиот настап, појасни дека нема да се пошегува со шамарот на Оскарите.

„Немам доволно ср*ње да кажам нешто за инцидентот, па ако сте дошле за тоа жал ми е…“ изјави Рок со солзи во очите каде накратко и подзастана.

„Го напишав целото шоу пред минатиот викенд. Сè уште го обработувам тоа што се случи, па во одреден момент ќе зборувам за тоа сра*e. Ќе биде смешно, но сега ќе кажам неколку вицови“, додаде тој.

Во вториот дел од настапот тој го коментираше инцидентот и рече дека не разговарал со Смит откако му удрил шамар на Оскарите. „Не разговарав со никого без разлика што сте слушнале“, истакна Крис.

Подоцна општо го коментирал својот живот за време на настапот и додаде дека му оди добро, освен некои чудни работи кои алудираа на инцидентот што ја насмеало публиката.

Некои од обожавателите носеле и маици со исмејување на Вил, а на нив пишувало: „Кога вашата врска е отворена за сите, освен за шеги“ со фотографија од актерот, алудирајќи на неговиот отворен брак.

Рок изгледал многу подобро кога го напуштил шоуто кога го снимале во автомобилот отколку кога дошол во комбето со обезбедувањето.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement