Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Прво бившата партнерка го обвини за канибализам, а сега друга девојка за силување…

Холивудскиот актер Арми Хамер во моментов (од почетокот на годината) минува низ низа скандали. Откако минатата година се разведе од 38-годишната Елизабет Чемберс, со која помина десет години во брак и со кого има две деца, 34-годишникот се најде под лупата на јавноста. Меѓу другото, почетокот на оваа година, во јавноста, протече видео од непозната жена врзана во кревет, додека актерот во текстот коментирал дека бил принуден да патува на Кајманските острови поради неговата поранешна сопруга и децата. После настанот се огласи и неговата поранешена партнерка, обвинувајќи го за канибализам, а сега 24-годишната девојка Ефи, која во солзи откри дека Арми ја силувал, исто така зборувала за јавноста преку виртуелна конференција на американската адвокатка Глорија Олред.

Холивудскиот актер е обвинет за силување на 24-годишната девојка од Лос Анџелес. Полицискиот оддел во Лос Анџелес за новинската агенција PA изјави дека отвориле истрага за сексуалниот напад за наводно силување што се случило во 2017 година. Обвинителката била прекршена додека ја читала подготвената изјава, наведувајќи дека таа првпат се сретнала со актерот на Фејсбук во 2016 година. Таа изјави дека тој ја силувал четири часа во 2017 година, со неколку силни удари и повреди во главата. „Веднаш се заљубив во него“, се присетува таа на нивното запознавање на социјалните мрежи.

Како што раскажала Ефи, Арми користел тактика за манипулација, во која била целосно изгубена. „Тој ја тестираше мојата лојалност, а потоа ја премина границата и стануваше сè понасилен. Ме малтретираше психички, емоционално и сексуално. Еднаш ми рече, додека ме тепаше по стапалата, дека ова ќе му наштети на мојот чекор следната недела“, е тажната исповед на 24-годишната девојка, за која не се знае ништо освен нејзиното име и возраст. Таа призна дека се обидела да избега, но безуспешно.

Ефи додаде дека нивната последна интеракција била минатата година. Арми и неговиот тим јасно ставија до знаење дека актерот ги побива обвинувањата за силување. „Г-дин Хамер уште од првиот ден тврди дека сите негови интеракции со Ефи и со секој друг сексуален партнер биле целосно консензуални, разговарале однапред и биле договорени и реципрочни“, изјави целиот тим на Арми.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement