Добри вести пристигнуваат за сите љубители на филмовите на Дизни. Објавен е првиот трејлер за филмот „Круела“ со оскаровката Ема Стоун (32) во главната улога.
Трејлерот ја маѓепса публиката на прв поглед, а премиерата во САД и Велика Британија е закажана за 28 мај оваа година.
Ема Стоун е во улогата на најголемата негативец, а на официјалниот профил на Твитер на продуцентската куќа „Волт Дизни“ беше објавена нејзината црно-бела фотографија во ликот на Круела.
„Здраво, суров свет“, рекоа од „Дизни“ и најавија нов трејлер за следниот ден.
Во филмот играат и Ема Томсон, Пол Волтер Хаузер и Џоел Фри.
Филмот „Круела“ е приказна за потеклото на Круела де Вил, негативецот портретиран од Глен Клоуз во цртаниот филм „101 Далматинец“ од 1996 година и неговото продолжение од 2000 година, „102 Далматинци“.
Судејќи според ова досега, новата „Круела“ ветува!
