Синоќа се одржа церемонијата на доделување на MTV VMA на која „се појави“ познатиот холивудски актер.
Актерот Џони Деп, кој неодамна го доби случајот на суд против неговата поранешна сопруга Амбер Херд која го обвини за злоупотреба, се појави на доделувањето на наградите MTV.
Ова е прво „појавување“ на Деп на американската телевизија по 5 години и страшните обвинувања кои му ги упати една холивудска актерка.
Деп всушност претходно снимил видео порака која потоа била емитувана на наградите, а самиот актер наводно бил „човекот на месечината“, иконата на оваа музичка церемонија.
Одело на астронаут, на чија кацига беа емитувани снимките на Џони Деп, лебдеше над сцената, а потоа се слушна гласот на актерот кој вели: „Се вратив. Ја изгубив работата, ќе направам се. Слободен сум за крштевки,погреби и други манифестации.
Американските медиуми пренесуваат дека Деп од клеветата на Амбер не бил на ниту една американска телевизија и не снимал филмови. Обвиненијата дека е насилник го чинеа многу можности за филм, а Дизни го исфрли од франшизата „Пиратите од Карибите“.
