Актерката уживала во вечерата со својот агент.Познатата холивудска актерка Сандра Булок во последно време се труди што поретко да се појавува во медиумите, а пред извесно време вети дека ќе се труди што помалку да работи и да поминува што повеќе време со семејството.
Убавата 58-годишна оскаровка е забележана во Њујорк откако уживала во вечерата во луксузниот ресторан Blu Ribon Brasserie. Актерката беше придружувана од нејзиниот агент Кевин Хуван, кој исто така ја застапува Џенифер Лопез.
Сандра Булок изгледаше многу заводливо со малку шминка. Фармерките ги искомбинирала со тренди топ и црна јакна и изгледала – одлично.
Целата комбинација ја заокружи со детали од жолто злато.
Сандра во последните неколку месеци, можеби и една година поретко се појавува во медиумите. Таа еднаш откри дека сака да поминува повеќе време дома со нејзините две деца Луис и Лејла и нејзиното момче Брајан Рандал.

Таа исто така рече дека сака да работи помалку за да може да поминува повеќе време со своето семејство.
Во март медиумите објавија дека Сандра Булок и Бред Пит повторно би можеле да ги видиме во заеднички филмски проект на малите екрани. Бред Пит откри дека тој и Сандра дошле до идеја за филм кој никогаш не ја видел светлината на денот.
Да потсетиме, пред извесно време Сандра странските медиуми ја пренесоа веста дека Сандра решила да стави крај на актерската кариера, но судејќи по она што можевме да го видиме, изгледа дека нејзината актерска кариера се уште не е завршена.
