Пејачката и актерка Џејн Беркин почина на 76-годишна возраст, објавија француските медиуми, пренесува Sky News.Познатата уметница, која го позајми своето име на дизајнерската чанта Hermes-Birkin,ја пронашла нејзината негувателка во нејзиниот дом, објави BFMTV.
Џејн Беркин е родена на 14 декември 1946 година, а на пошироката јавност и стана позната по песната „Je t’aime… moi non plus“, која ја отпеа во дует со Серж Генсбург.
Таа беше позната како „сензацијата на шеесеттите“, особено во Британија, каде што ја паметат по романтичните афери, впечатливиот изглед и чувството за мода.
