Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

После сета болка и солзи – БЕСКРАЈНА СРЕЌА! Алек Болдвин и неговата сопруга го добија СЕДМО ДЕТЕ…

И онака големото семејство Болдвин расте, пишуваат странските медиуми, откако сопругата на актерот Алек Болдвин Хиларија го роди нивното седмо заедничко дете. Инаку, ова е осмо дете на Болдвин, бидејќи со Ким Бесинџер ја има ќерката Ајрланд.

Хиларија се породи во четвртокот, а на Инстаграм сподели фотографија од нејзината ќерка Иларија Каталина Ајрин Болдвин.

  • Таа пристигна! Толку сме возбудени што можеме да ви го претставиме остварувањето на нашиот мал сон – Иларија Каталина Ирена – изјави познатата инструкторка по јога.

Таа исто така откри дека нивните други деца го поминуваат цел ден запознавајќи се со новороденчето и им се заблагодари на своите следбеници за поддршката.

  • Ви испраќаме многу љубов. Среќни сме што можеме да ја прославиме оваа убава вест со вас – изјави Хиларија Болдвин.

Двојката веќе има седум деца: Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (5), Ромео (4), Едуардо (2) и Лусија (18 месеци).

Сопругата на Болдвин имала и два спонтани абортуси, за кои отворено зборувала, како и за тоа дека едното нивно дете го родила сурогат мајка, додека таа самата во исто време била во друга состојба.Пред извесно време Алек ја нарече сопругата „колекционер на бебиња“ за време на гостувањето во шоуто на Елен Деџенерис.

Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои часовници, некои уметност. Мојата сопруга собира бебиња. Сака бебиња – се пошегува актерот. — Штом бебето наполни три години, кога не им е толку забавно како порано, се гледаме и велиме: „Време е за уште едно“.

Да потсетиме, семејството Болдвин има теѓжок период откако Алек Болдвин на сетот ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс, која подоцна почина бидејќи се испостави дека пиштолот содржи вистинска муниција.

„Таа беше некоја која ја сакаа сите што работеа со неа, и се восхитуваа… Ова не ми изгледа возможно – искрен беше актерот во едно интервју.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement