Иако долго време не зборуваше за нејзиниот брак со Том Круз, Никол Кидман реши повторно да го спомене својот поранешен сопруг.
Во интервју заЊујорк Тајмс, Никол Кидман зборуваше за тоа како функционирал нејзиниот брак со Том Круз. Изненадувачки, таа имаше само убави зборови за нивната брачна приказна.
Том и Никол, според неа, имале прекрасен брак во времето кога го правеле филмот Eyes wide shut. Сепак, наскоро по излегувањето на филмот, двајцата поднесоа барање за развод.
Никол беше прашана дали тој филм или некои сцени во него „носат проблеми“ и дали тоа влијае на нејзината врска со Том. “По снимањето на сцените, одевме на картинг. Ја изнајмивме целата тркачка патека за нас и возевме до 3 часот наутро. Не знам што друго да кажам. Не можам да погледнам наназад и да навлегувам во деталите за нашата врска. Можеби едноставно не го сакам тоа”.
“Тој филм го снимавме две години, имавме две деца, живеевме во камп приколка, јадевме шпагети. Работевме само со најголемиот режисер Стенли Кјубрик, научивме за животот, уживавме во сетот”, изјави Никол Кидман.

