Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Поранешната сопруга на Бил Гејтс најде нова љубов:Тој е пет години постар од неа,ќе ве изненади како изгледа…

Мелинда Гејтс нема намера да гледа назад. Таа го преболела разводот со милијардерот Бил Гејтс и продолжила понатаму.

„Имав одредени причини зошто едноставно не можев повеќе да останам во тој брак. Но, чудната работа во врска со Ковид е тоа што ми даде приватност да го правам она што треба да го правам. Тоа е неверојатно болно, на безброј начини, но можев да одам далеку од очите на јавноста,да го поминам тој перод“, изјави Мелинда,на која работата и помогна да преброди тежок период во животот.

„Продолжив да работам со личноста со која се разделивме и морав да се појавувам и да бидам добра секој ден. Така, иако можеби плачев во девет часот наутро и морав да бидам на видео конференција во 10 часот со личноста со која се разделував, морав да се појавам и да бидам најдобра“, рече таа и истакна дека нејзината главна задача била да ги заштити нивните три деца – Џенифер (25), Рори (23) и Фиби (19).

„Немаше конкретна работа што се случи. Едноставно имаше момент кога сфатив дека едноставно не е здраво, и не можев да верувам што имаме“, рекла Мелинда и истакнала дека е подготвена да најде нова љубов.Таа беше забележана со Џон Ду Пром на кошаркарски натпревар на Bruklin Nets во април оваа година, а странските медиуми тврдат дека се забавуваат со месеци.

Не е познато како се запознале Мелинда и пет години постариот Џон. Тој беше дописник на каналот Foks News во доцните 1990-ти и раните 2000-ти. Сега работи како специјалист за стратешки комуникации и има два сина и една ќерка.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement