Пред две години актерот Бред Пит беше фотографиран со манекенката Никол Потуралски, а ова е првата и последна жена со која Бред Пит беше виден во јавноста по разводот со актерката Анџелина Џоли. Нивната врска предизвика контраверзии, пред се затоа што Никол е мажена.
Оттогаш, Никол е многу интересна за странските медиуми, а исклучок не беше и нејзиното спектакуларно појавување во Минхен на промоцијата на апаратот за кафе WMF.
Долгоногата манекенка за оваа пригода се одлучи за виолетова тоалета со шлицови на стомакот, како и длабок шлиц. Носеше тренди сандали на платформа и со тоа уште повеќе ги истакна витките нозе, а детално се одлучи за скапи висечки обетки.
Да потсетиме, Никол и Бред беа фотографирани во 2019 година на концертот на Канје Вест, а наводно се запознале во ресторанот на нејзиниот сопруг – угледниот и богат угостител Роланд Марија (69).
