Како што веќе се изјасни поранешната двојка, ќе го прек
По шест години брак, пејачот Рики Мартин се разведува од сириско-шведскиот концептуален уметник Џван Јосеф, објави сега веќе поранешната двојка.
-Одлучивме да ставиме крај на нашиот брак, со љубов, почит и достоинство заради нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар во сите овие прекрасни години – навеле тие во заедничкото соопштение.

Нашата најголема желба е да продолжиме со оваа здрава семејна динамика и врска фокусирана на мирот и пријателството за да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, да ја зачуваме почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг – рекоа Мартин и Јозеф.Пејачот заедно со уметникот имаат две деца – ќерката Лусија (5) и синот Рено (4), а Рики претходно ги имаше близнаците Матео и Валентина (15).
Латино ѕвездата и познатиот уметник се запознале преку Инстаграм во 2016 година, а почнале да се гледаат шест месеци подоцна, откако се сретнале во живо во Лондон.
За прв пат официјално се појавија како пар на галата amFar во 2016 година, а набрзо потоа објавија дека се вериле. Судбоносното „да“ го кажаа во 2017 година.Пејачот постојано зборуваше за својот мирен семеен живот и за љубовта кон Џван Јозеф, а откри дека во неговата куќа се зборува шпански јазик, но дека нивните деца зборуваат и англиски и француски, а Јозеф ги учи малечките арапски. .
