Неверојатно е што можете да пропуштите кога не одите во канцеларија секој ден…
На пример, работниците во италијанскиот музеј кој беше привремено затворен поради пандемијата Ковид-19, не забележаа дека исчезна едно од највредните парчиња од нивната колекција, слика на Леонардо да Винчи, Салватор Мунди, стара 500 години.
За среќа на вработените во музејот San Domenico Maggioe во Неапол, сега е вратен примерокот од најскапата слика на светот, барем така известува CNN. И не само тоа, полицијата го уапси сопственикот на станот каде е пронајдено уметничко дело.
Оваа репродукција од 16 век, која најверојатно е насликана од еден од учениците на Леонардо, била вратена по претресот на стан во италијански град минатата сабота. Набргу по ова откритие, сега неименуваниот триесет и шестгодишен сопственик на станот е уапсен, под сомнение дека прифатил украдена стока.
„Сликата е пронајдена во саботата, благодарение на брилијантната и упорна полициска акција“, изјави неаполскиот обвинител Џовани Мелило. Тој додаде дека сликата никогаш не била исчезната од музејот, најмногу заради фактот што галеријата во која нормално се наоѓала сликата била затворена во последните три месеци.
Инаку, оваа слика стана најскапа во светот кога беше продадена по цена од 450,3 милиони долари пред четири години, а од продажбата досега не беше во јавниот домен, што доведе до сомнежи за нејзината автентичност и идентитетот на новиот сопственик.
Оваа копија на сликата Салватор Мунди се верува дека е создадена за време на животот на славниот мајстор, од рацете на неговите ученици и помагачи. Иако не е познато кој ја насликал оваа верзија, на веб-страницата на музејот пишува дека најверојатно е создадено како дело на Џироламо Алибранди.
