Улогата на дадилката во денешното општество е се поголема и почеста. Кога станува збор за светските ѕвезди, таа дополнителна помош дома со доаѓањето на нов член во семејството е нешто неминовно и се зема здраво за готово.
Сепак, многу родители не се одлучуваат лесно на овој чекор поради многу причини – недоверба, економска неможност, но и желба да бидат со своите малечки во секој момент од нивниот (пребрз) раст. Можеби ни е тешко (секој пат) да поверуваме во фактот дека холивудските актери се всушност обични луѓе, но дури и меѓу нив има голем број на парови кои сакаат да бидат тука за своите деца 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
Ѕвездите кои решиле да ги воспитуваат своите деца без да ангажираат бебиситерка можат да се видат како ги извршуваат секојдневните обврски и активности во друштво на своите деца – на прошетка, во супермаркет, во забавен парк, па дури и на сет.
Во галеријата ви носиме популарни парови и познати личности кои сами се грижат за своите деца.
БЛЕЈК ЛАЈВЛИ И РАЈЕН РЕЈНОЛДС
Тешко е да се замисли овој пар, окупиран со бројни деловни ангажмани, да им се посветува на децата 24/7, но дека… двајцата сами учествуваат во воспитувањето на своите деца. „Немам проблем да станам пет пати во текот на ноќта за да сменам пелени. Да, тоа е исцрпувачки, но ништо не може да ја замени таа глупава насмевка на моето лице“, изјави Рајан.
САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР И МЕТЈУ БРОДЕРИК
Хероината од хит серијата „Сексот и градот“ не гледа ништо ексклузивно во одгледувањето на своите деца без ничија помош. Всушност, таа и Метју се трудат да бидат практични, па ги користат услугите на дадилка само кога навистина им е потребно. „Тоа е нешто што е важно за нас двајцата, за мене како мајка и Метју како татко, и ние не го избегнуваме тоа. Патем, која е поентата да имаш семејство ако навистина нема да учествуваш во тоа, нели?“ , додаде таа.
МИЛА КУНИС И ЕШТОН КУЧЕР
Уште еден популарен пар кој реши целосно да им се посвети на своите деца. „Сакаме само да ги запознаеме нашите деца. Исто така да знаеме што да правиме ако бебето плаче или се лути. И мислам дека единствениот начин да се постигне тоа е да се биде со нив“, изјави Ештон.
СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН
Актерката отсекогаш имала критички однос кон дадилките. „Не знам дали некогаш би можел да ангажирам некого со полно работно време да се грижи за моите деца.
ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И МАРК ЕНТОНИ
Кога ги добија близнаците, Џенифер и Марк одлучија да се грижат за своите деца без никаква помош. Заедно ги делеле смените, па Џени преку ден била со децата, додека вечерните часови биле резервирани за тато и близнаците.





