Винсент и Тина се венчаа во 2018 година, а една година подоцна добија ќерка. Сепак, веќе некое време се шпекулира дека нивниот брак дошол до крајот.Францускиот актер Винсент Касел (56) е 5 години во брак со манекенката Тина Кунаки (26). Изгледа дека на нивната љубов и дојде крајот.
Гласините за нивниот развод се шират веќе подолго време, а новиот потег на актерот изгледа ги потврди. Винсент ги избриша сите фотографии со сопругата од својот Инстаграм. Имаа тони фотографии на своите профили, а оние на неговите исчезнаа преку ноќ. Актерот дури и не и го честиташе роденденот на сопругата на социјалните мрежи, кој таа го прослави во средата. Портпаролите на парот не сакаа да даваат изјави на тема развод.

Гласините ги потврди извор за Daily Mail..
- Тие раскинаа пред неколку недели. Тина е скршена – рече тој.

Поранешниот сопруг на Моника Белучи се ожени со својата нова сопруга во 2018 година, откако ја објавија својата врска во 2016 година, а една година подоцна ја добија ќерката Амазонија. Гласините за проблеми во бракот траат веќе подолго време. Според Daily Mail, Винсет последен пат ја лајкувал фотографијата на Тина на 17 февруари, а последен пат биле видени во јавноста во декември 2022 година.

