Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Познатиот актер Вил Арнет го потикна да се лечи: Бредли Купер ги откри НАЈТЕМНИТЕ ТАЈНИ од раните дваесетти…

Бредли Купер е еден од најбараните актери во Холивуд, а секако и еден од најпосакуваните ергени.

Бредли Купер е познат по многубројните улоги, но и по шармот што го поседува, па секогаш е главна тема и еден од најпосакуваните мажи, особено што е слободен.

Не е невообичаено холивудските ѕвезди да зборуваат за нивните внатрешни борби, но повторно, не толку многу од нив би зборувале за животните проблеми и зависности со кои се бореле.

Токму Бредли Купер реши да ја сподели својата приказна со медиумите и да поттикне многумина да не губат надеж и да продолжат да се борат.

На почетокот на 2003 година ја напушти познатата серија Алијас, која меѓу другото ја прослави Џенифер Гарнер, а причината за неговото заминување е темата за неговата исповед и борба. Во еден подкаст, актерот откри се за неговата зависност од дрога и алкохол.

  • Бев изгубен и зависен од кокаин, а ја повредив Ахиловата пета веднаш откако добив отказ/отпуштен во Алијас. Добрата работа во сето тоа е што ми се случи кога имав 29 години. Мислев дека успеав кога ја снимив рекламата за Венди, но едноставно не се чувствував добро да се преселам во Лос Анџелес поради „Алијас“. Како да се вратив во средно училиште – не смеев да одам во ниту еден клуб, ниту пак некоја девојка ме забележуваше. Накратко, бев тотално депресивен – започна Купер.

Актерот истакна дека на некој начин е среќен бидејќи сето тоа го поминал пред да стане славен. Тој додаде дека најзаслужен за неговото закрепнување,е неговиот пријател Вил Арнет, откако Купер почнал да се однесува неконтролирано на еден собир.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement