Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Подарок од 1,9 милиони долари: Еве како Зендаја му се заблагодари на татко и…

Ѕвездата на серијата Еуфорија и двократна добитничка на Еми, никогаш не криела колку и се важни родителите во нејзиниот живот, па решила да го расположи својот татко, поранешен учител, а сега нејзин менаџер.

Иако има само 26 години, Зендаја, американска актерка и пејачка, за својата работа има добиено повеќе од дваесет престижни награди, меѓу кои и две Еми за најдобра актерка во серија. И двете Еми, 2020 и 2022 година, ѝ ги донесе улогата во популарната серија на HBO Euphoria.

Својата исклучително успешна кариера, која ја започна на 14-годишна возраст во ситкомот на Дизни, Shake it Up, им ја должи на своите родители. Од мала и беа големи поддржувачи, ја придружуваа на целото снимање, а сега кога порасна и не и треба придружба, ја поддржуваат на социјалните мрежи. Неодамна, таткото Каземба Ајаму Колман, наместо нејзиното момче, актерот Том Холанд, беше нејзин придружник на доделувањето на Греми наградите. А, пред само две години откри дека нејзините родители се разделиле во 2016 година, по осум години брак, но останале во добри односи и безрезервно ја поддржуваат својата единица, која тврди дека благодарение на нивното воспитување, таа останала со двете нозе на земја. Мама Клер Стоермер е учителка, па затоа Зендаја отсекогаш го ценела образованието.

„Додека растев, ја гледав мајка ми како предава во Оукленд, Калифорнија, во градските училишта кои секогаш беа недоволно финансирани. Таа се обидуваше да направи повеќе и подобро за да ја всади љубовта кон образованието кај своите ученици.Сè што не беше пропишано со задолжителната програма. Таа сакаше децата да се издигнат од нивните не баснословни животни околности и да им го покаже патот кон подобра иднина“, изјави еднаш младата актерка, додавајќи дека дефинитивно ќе била учителка доколку не влегла во шоу-бизнисот.

И нејзиниот татко Казембе Ајаму Колман, кој се приклучи на менаџерскиот тим на Зендаја во последниве години, исто така беше учител. Нејзиниот татко ѝ подарил три сестри и двајца браќа од претходните бракови, со кои исто така е многу блиска, а како најмлада во големото семејство, татко и секогаш бил особено заштитнички настроен кон неа. Особено кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.

“Го проверуваше секое момче кое само ќе ме погледнеше. Прво мораа да поминат на рендген на татко ми, па дури потоа можеа да стигнат до мене”, рекла актерката која неодамна од благодарност му купила куќа на својот татко и така и се придружила на Бијонсе,Леонардо ди Каприо и Двејн Џонсон, кои на своите родители им дадоа нови домови во последните месеци.

Тоа не е баш голема палата каква што поседуваат холивудските ѕвезди, но нема сомнеж дека распространетата двокатна куќа Зендаја за која плати 1,9 милиони долари во предградието на Лос Анџелес ќе биде неговиот дом од соништата. Куќата од 320 квадратни метри има пет спални соби, пространа дневна соба, голема градина и базен,бидејќи актерката е блиска со нејзиниот татко, нема сомнеж дека во одреден момент ќе преспива кај татко и.

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement