Славниот пар Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ги прославуваат родендените на многу интересен начин.Во далечната 1998 година, Кетрин Зета-Џонс отпатува во Франција на филмски фестивал, не знаејќи дека ќе го запознае Мајкл Даглас, 25 години постар холивудски актер и по неколку упорни обиди и испраќање цвеќиња, ќе започне врска со него.На вечерата им се придружија Антонио Бандерас и Мелани Грифит, а Даглас тогаш веќе знаеше дека ќе биде со Кетрин.
- По половина час разговор, искрено и реков – знаеш, јас сум татко на твоите идни деца. Ми звучеше сосема нормално, а потоа таа рече – знаеш, слушнав многу работи за тебе и видов многу работи, па мислам дека е време да ти кажам добра ноќ – откри тој во едно интервју.
Малкумина им предвидуваа долга и убава иднина со оглед на разликата во годините, но тие негираа се, иако имаа поголема криза.

Кога на Мајкл му бил дијагностициран рак на грлото, тоа влијаело и на нејзиното здравје, а подоцна открила дека има биполарно растројство, кое го држи под контрола. После се, решиле да живеат одвоено, сепак тоа кратко траело, па многу брзо ја продолжиле љубовната авантура.
Интересно е што и двајцата се родени на ист ден, 25 септември, а родендените ги искористиле на најдобар можен начин. Тие го прославија овој датум во хеликоптер, кој актерката го објави на Инстаграм и покажа дел од атмосферата, но и сцени кои се гледаат од голема височина. Таа на себе и на својот сопруг си го честиташе роденденот, додека под видеото продолжија да течат бројни коментари и честитки.
- Нашиот роденден! По 24 години заедничко славење, сè уште се радувам на тоа. Те сакам – напиша актерката под објавата.
Да потсетиме дека Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас имаат две деца во бракот, а интересен детал е што нивната венчавка чинеше околу еден и пол милион долари, од кои 250.000 долари отидоа за венчаницата со потпис на Дејвид Емануел.

