Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Погледнете ја Божиќната реклама која расплака милиони: „Ви благодарам за прекрасното видео кое нѝ ја врати надежта и верата!“ (ВИДЕО)

Триминутно рекламирање следи дедо кој, изолиран поради пандемијата на коронавирус, започнува да вежба самостојно и ја враќа својата кондиција и сила. Постариот човек се бори и стенка, но е мотивиран од врамена фотографија, која публиката не може да ја види во првите моменти.

Моментот во кој се откри зошто тој напорно тренирал цела година ги скршил срцата на многумина и предизвикувал најдлабоки емоции.

Рекламата на германската фармацевтска компанија Doc Morris стана вирална, а многумина признаа дека пуштиле солза гледајќи ја.

“Честитки за прекрасното видео. Никогаш не е доцна да започнете да се грижите за себе за да можете да се грижите за она што е навистина важно. Многу важна порака!”, “Да, плачев”, се само некои од многуте реакции на ова емотивно видео.

Со оглед на тоа колку беше тешка оваа 2020 година за сите и колку стрес, страв, тага и болка им донесе на милиони ширум светот, неверојатно е да се види како три минути од една реклама може да го расветлат она што е навистина важно, и да го стоплат срцето и да нè допрат најубавиот и најхуманиот можен начин. Се чини дека на сите ни треба токму тоа во овие празнични и пандемиски денови – да се потсетиме дека животот е убав, да имаме за што да се бориме и да ги надминеме сите неволји – и дека сè ќе биде добро.

Погледнете видео кое истовремено ќе ве омекне и охрабри:

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement