Познатиот актерски пар, ѕвездата на „Чуварите на Галаксијата“, Крис Прат и комичарката Ана Фарис се разведоа во 2017 година и само неодамна успеаја да го продадат својот раскошен дом лоциран во Лос Анџелес.
Прат и Фарис изненадија многумина кога го објавија разводот, бидејќи се чинеше дека живеат во вистинска бајка. Двојката се запозна на снимањето на филмот ‘Take Me Home Tonight’ и оттогаш тие се неразделни, а како круна на љубовта се роди нивниот син Џек.

Славната актерска двојка остана во пријателски односи, а актерот Крис Прат неодамна ја доби ќерката Лила Марија со својата втора сопруга Кетрин, ќерката на актерот Арнолд Шварценегер.
Нивниот луксузен дом е на пазарот на недвижнини од октомври 2018 година и дури сега успеаја да го продадат.
Иако тие побараа 4,995 милиони долари за луксузна вила со градина, цената што ја добија беше пониска – 4,75 милиони долари.
Елегантно украсена куќа со многу внимателно осмислени детали, сместена на елитна локација, ридови во Холивуд со неверојатен поглед на Лос Анџелес.
Поранешните сопружници ја реновираа оваа куќа изградена во 1979 година во модерен медитерански стил. Вилата има три спални, четири бањи и голема канцеларија.
Пред се наоѓа пространа покриена градина со вградена скара и базен со солена вода. Имотот има осветлено и заградено тениско игралиште и гаража за три автомобили. Поранешната двојка го купи овој импресивен имот во 2013 година за 3,3 милиони долари.









