Иако актерката несомнено изгледа совршено, меѓу нејзините обожаватели ги има и оние кои сметаат дека таа не морала да ги споделува овие фотографии.
Американската актерка Блејк Лајвли неодамна го роди своето четврто дете, а сега реши да покаже како нејзиното семејство ужива во слободното време.
Актерката Блејк Лајвли, најпозната по улогата во серијата „Gossip Girl“, во февруари стана мајка по четврти пат.
Таа и нејзиниот сопруг познатиот актер Рајан Рејнолдс станаа родители по четврти пат додека пак полот на детето се уште не е откриен, а парот веќе имаше три ќерки – Џејмс (8), Инез (6) и Бети (3).
Додека уживаат во својот хармоничен семеен живот, Блејк и Рајан го користат и убавото време, па изминативе неколку дена ги поминаа уживајќи на плажа и покрај базен.Актерката на тој начин сподели фотографии на кои позира во костими за капење, покажувајќи ја својата линија по породувањето.
Таа носеше бикини топ со макси здолниште, едноделен костим за капење со исечок во пределот на стомакот, а нејзината фигура изгледа исто како и пред бременоста, како што и нејзините следбеници забележаа.
„Не се породи неодамна?“, „Како е да се биде божица?“, „Изгледаш како да немаш родено деца, а не пак четири, а згора на сето тоа последното да е родено пред неколку недели. „… коментираат обожавателите на познатата актерка.
Меѓу нив има и такви кои сметаат дека е малку невкусно тоа што Блејк го покажува совршеното тело бидејќи нејзиниот случај е редок и не ја отсликува реалноста.
“Ти си убава, но дали ние нормалните мајки можеме да видиме тело со стрии? Може ли некој да ни покаже дека е можно да се биде убава и да има стрии? Сериозна сум”, “Ова се вика поставување нереални стандарди за убавина”, ” Секоја чест, но како се чувствува сега некој што го нема луксузот да се занимава со својот изглед веднаш по породувањето“, пишуваат обожавателите на актерката.
Инаку, Блејк Лајвли покажа дека се породила споделувајќи фотографија во средината на февруари на која не и се гледа стомакот,а потоа во медиумите се појави веста дека таа се породила неколку дена претходно.
Сепак, и тогаш таа имаше беспрекорна фигура, па многумина беа збунети како се снаоѓа во тоа.
