Сумата што ја освоил е донирана на оние луѓе, кои им требаат парите најмногу…
„Ниту една славна личност никогаш не освоила милион долари за дваесет години од овој квиз“, изјави Џими Кимел од водителската позиција, минатиот викенд седејќи спроти славниот шеф Дејвид Ченг. Никој никогаш не се обиде, сите се откажаа пред време“.
Влоговите беа јасни. Ако основачот на Момофуку би го знаел одговорот на последното прашање, тој би освоил милион долари за хумани цели. Ако се реши да не одговори, ќе добиеше 500.000 долари. Тој мораше да ризикува, за донацијата од половина милион долари, да не ги претвори во 32.000 американски долари. Прашањето беше: „Иако тој и неговата сопруга никогаш не го допреа прекинувачот за светло од страв од струен удар, кој беше првиот претседател што имаше електрична енергија во Белата куќа?
Чанг за момент се чинеше збунет, па реши да „повика пријател“, новинарката на ЕСПН, Мина Кимс, која рече дека најверојатно станува збор за Бенџамин Харисон. Благодарение на нејзиниот одговор, Ченг реши да оди на се или ништо, што дефинитивно се исплатеше за него. Тој освоил милион долари и стана 10-та личност што го постигнала тоа, а во исто време и прва славна личност.
Чанг реши да ги донира своите профити на вработените во рестораните на кои им требаат парите, па ги дал на организација посветена токму на тоа. Секоја чест!
