Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ПИКЕ ЈА ПРЕБОЛЕ ШАКИРА, А ПЕЈАЧКАТА ПОРАДИ ТОА ИЗЛУДУВА: Стоперот на Барса со девојка која е 12 години помлада од него ! (ФОТО)

Поминаа нешто повеќе од два месеци откако раскинаа Жерар Пике и Шакира, еден од најпознатите парови во светот. Во меѓувреме, пејачката ја напушти Барселона, Шпанија и Европа и се пресели во Мајами, додека Пике остана да се подготвува за новата сезона, која ќе биде многу предизвикувачка за неговиот клуб.

Шпанскиот фудбалер и еден од најважните играчи на Барселона веќе го преболи раскинувањето на врската која траеше со години и шпанските медиуми успеаја да го фатат во прегратките на неговата нова девојка.

Clara Chía

Двајцата заедно посетиле музички фестивал, а добро упатени извори велат дека станува збор за Клара Чиа Манти (23), студентка и девојка која работела во компанијата на Пике за да стекне искуство.

Поради фотографиите кои се појавија во јавноста, познатата пејачка се изнервира, а причината за тоа не е само тоа што дефанзивецот на Барса веднаш „пронајде“ 12 години помлада девојка.

Според шпанските медиуми, Шакира збеснала поради тоа! Пејачката и стоперот на Барселона се договориле првата година по раскинувањето да го држат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но Жерар Пике многу брзо го прекрши тоа правило.

Му требаа само неколку недели да се појави во јавноста со нова девојка. И пред тоа медиумите го поврзуваа со неколку жени, но изгледа дека веднаш по раскинувањето со Шакира, Џерар стапил во врска со Клара.

Токму овој детал од животот на шпанскиот фудбалер би можел да влијае на нивниот случај на развод. Шакира планира децата да живеат со неа во Мајами во наредните години и дури беше подготвена да му понуди пари на Пике за тоа. Тој не се согласи да ги земе парите, но прекршувањето на договорот може да биде аргумент на Шакира на суд.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement