Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пенелопе Круз демонстрира како изгледа совршен празничен фустан

Шпанската легендарна актерка добила високо признание за долгогодишната успешна кариера во њујоршкиот Музеј на модерна уметност. Во склад со поводот – и празничната атмосфера која е се поприсутна околу нас, Пенелопе внела посебен вид на софистицираност на црвениот тепих.

Аутфитот на актерката се состоеше од светло црвен фустан со примеси на сребро во форма на мрежести прерамки кои го красеа горниот дел од фустанот, додека долниот дел се ширеше во обемно здолниште богато со слоеви. Највпечатлив детал од креацијата била големата црвена машна на градите, која на целокупниот изглед му даде совршен финиш како прекрасен спакуван новогодишен подарок.

Во сребрен манир одбрала и модни детали, а носела и „statement“ обетки, кои уште повеќе дојдоа до израз поради лежерната пунџа која Пенелопе ја избрала за фризура. Со црни потпетици со отворени прсти, кои открија црвен педикир, таа ја даде потребната доза на контраст на целиот стајлинг.

47-годишната актерка на оваа специјална вечер ја поддржаа многу колешки како Ребека Хол, Ен Хатавеј, Дајан Кругер и многу други.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement