Сексот е многу важен сегмент од секоја врска, но овој многу интимен чин достигнува кулминација само кога двајцата партнери уживаат во моментот во потполност, без двоумење
1. Не ви е гајле за изгледот за време на сексот
Водењето љубов е страствен момент во текот на кој, за да уживаме максимално, целосно се препуштаме на чувствата.
Во тие моменти не ни е гајле како изгледаме, каква е нашата фризура и дали гледаме целулит. Ако се идентификувавте во ваква ситуација, знајте дека имате совршен секс.
2. Можете да му кажете на вашиот партнер што точно сакате
Сексот е многу индивидуален и секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради ова, совршениот секс е загарантиран од комуникацијата помеѓу партнерите. Ако не се двоумите да го насочите на „вистинскиот пат“ или да го советувате за време на сексот како да ги изведувате вашите омилени движења, знајте дека имате совршен секс.
3. После сексот се чувствувате опуштено и среќно
Се покажа дека сексуалниот однос влијае на функцијата на мозокот и лачењето на хормоните на среќа и задоволство. Но, ова важи само за страствен секс во кој нема двоумење.
Ако по сексот не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате дека вашето тело се тресе и трепери и не можете да одолеете на заморот, знајте дека имате совршен секс.
