Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Откријте што ѝ поклонил сопругот на Shannen Doherty за нивната годишнина

На актерката и ѕвезда на серијата „Беверли Хилс 90210“ и „Charmed“, Шанен Доерти, во март 2015 година, животот ѝ се смени целосно. Таа беше дијагностицирана со рак на дојка, а канцерогените клетки подоцна се проширија на лимфните јазли, но тогаш ја доби таа битка. Сепак, во февруари годинава откри дека болеста се вратила и е во четврта фаза, а актерката минува низ многу тежок период. Сепак, таа не е сама во оваа борба, а насмевката на лицето од ден на ден ја враќа нејзиниот сопруг, 46-годишниот продуцент Курт Исвариенко.

Двојката се обврза на доживотна љубов пред девет години, а Шанен по тој повод и посвети објава на социјалната мрежа на нејзиниот сакан. Таа објави фотографија на Инстаграм на која се смешка со Курт, покрај која напиша: ‘Ти секогаш ќе бидеш мојот каубој. Те сакам. Среќна годишнина’. Вчерашниот ден на оваа двојка го одбележаа љубов и позитивни мисли, а американските медиуми пишуваат дека Курт годинава имал посебен подарок за својата драга сопруга.

‘Ја разбудил со 101 прекрасна бела роза. Тој ѝ го купил омиленото чоколадо и и рече дека така треба да го започне денот. Кога станала и отишла во кујната, ја пречека албум во кој Курт ги сумирал нивните девет години. Потоа и рекол да му донесе млеко од фрижидерот и таа таму нашла прекрасен ѓердан во кој тој имал врежано „Те сакам“. Тој навистина се потруди затоа што е свесен дека можеби ова е последна годишнина од нивната венчавка “, открил извор за американските медиуми.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement