Минатата недела „Variety“ објави дека филмскиот фестивал во Кан може да се одржи оваа година, а сега информацијата е официјално потврдена. Ова го објавија организаторите на фестивалот на нивниот официјален профил на Твитер.
Проекциите на филмовите, кои обично се одржуваат во Кан во мај, ќе се одржат оваа година – од 6 до 17 јули. Но, фестивалот за креативност „Cannes Lions“ се уште е закажан за вообичаените термини – од 21 до 25 јули. Само треба да почекаме за понатамошни ажурирања од организаторите.
Да потсетиме, минатата година филмскиот фестивал во Кан прво беше одложен, а потоа и целосно откажан. Наместо тоа, есента беше прикажана скратена програма, која вклучуваше само кратки филмови. Но, оваа година, организаторите се оптимисти. Да се надеваме дека овој пат коронавирусот нема да ги наруши нивните планови.
