Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Откриено по колку време на жените им е здодевно од сексуални односи

Студија спроведена на 4.839 жени и 6.669 мажи на возраст од 16 до 74 години, ја откриле главната причина за намалувањето на интересот за секс кај жените, односно зошто толку брзо им сè здосадува во врска, пишува Индипендент.

Иако некои можеби мислат дека најмногу влијае физичкиот изглед, вистината е поинаква. Имено, времето игра клучна улога. Голем пад на интересот за секс кај жените има само по 12 месеци врска.

Досадно им е и од секс по раѓањето на првото дете, но и поради малите деца на возраст под пет години.

“Може да биде последица на замор како резултат на примарната грижа за децата, а факт е дека секојдневниот стрес влијае на сексуалното функционирање на жените повеќе од мажите. Губењето интерес може да биде поврзано со промена на фокусот”, велат истражувачите.

Фактори како што се недостаток на емоционална близина, проблеми во комуникацијата и лошо здравје се наведени како причини за помал сексуален нагон и кај мажите и кај жените.

Некои други фактори можат да бидат лошите спомени од сексуалниот однос во минатото или сексуалните болести.

Кај жените, незаинтересираноста за секс била најчеста на возраст од 55 до 64 години, додека кај мажите била на возраст од 35 до 44 години. Истражувачите објасниле дека нема докази што сугерираат дека има врска со менопаузата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement