Студија спроведена на 4.839 жени и 6.669 мажи на возраст од 16 до 74 години, ја откриле главната причина за намалувањето на интересот за секс кај жените, односно зошто толку брзо им сè здосадува во врска, пишува Индипендент.
Иако некои можеби мислат дека најмногу влијае физичкиот изглед, вистината е поинаква. Имено, времето игра клучна улога. Голем пад на интересот за секс кај жените има само по 12 месеци врска.
Досадно им е и од секс по раѓањето на првото дете, но и поради малите деца на возраст под пет години.
“Може да биде последица на замор како резултат на примарната грижа за децата, а факт е дека секојдневниот стрес влијае на сексуалното функционирање на жените повеќе од мажите. Губењето интерес може да биде поврзано со промена на фокусот”, велат истражувачите.
Фактори како што се недостаток на емоционална близина, проблеми во комуникацијата и лошо здравје се наведени како причини за помал сексуален нагон и кај мажите и кај жените.
Некои други фактори можат да бидат лошите спомени од сексуалниот однос во минатото или сексуалните болести.
Кај жените, незаинтересираноста за секс била најчеста на возраст од 55 до 64 години, додека кај мажите била на возраст од 35 до 44 години. Истражувачите објасниле дека нема докази што сугерираат дека има врска со менопаузата.
