Актерот Колин Фарел сонувал да стане фудбалер, но еден филм му го променил животот. На 14 години постојано беше пијан и под дејство на опијати, но еден момент бил пресвртница.
Еден од најголемите холивудски заводници беше речиси непрепознатлив за време на снимањето на серијата во улогата на негативецот Пингвин, кој веќе го толкуваше во „Бетмен“.
- Искрено, секоја мисла што ја имав за серијата беше поврзана со работата на Мајк Марин. Тој е едноставно генијалец па неговата работа всушност била инспирација – откри актерот.
И додека чекаме да го видиме шоуто и неговата актерска вештина, со нетрпение го очекуваме и 95-тото доделување на Оскарите за да дознаеме дали ќе го добие својот прв Оскар во кариерата за неговата улога во “The Banshees of Inisherin”.
Неговиот пат не бил лесен и бил поплочен со бројни пороци, холивудски афери и ретка дијагноза на неговото прво дете.Сакаше да биде фудбалер како неговиот татко.
Роден е на 31 мај 1976 година во Кастлекнок, предградие на Даблин.
Татко му бил фудбалер, а водел и продавница за здрава храна. Колин имаше постар брат, Имон Јуниор и две сестри, Клодин и Кетрин.
Своето образование го започнал во “St. Brigid National School”, по што родителите го запишале во ексклузивното приватно училиште само за машки “Castleknock College”, а потоа во”Gormanston College”.
На почетокот сакал да стане фудбалер како татко му, па го освоила музиката и за малку ќе станел член на бендот „Boyzone“.
Тој бил виден на концерт на популарна ирска група и му пришол агент кога го видел како танцува во кожени панталони и кошула и му рекол да оди на аудиција за бендот.
Тој не бил примен во бендот по, како што подоцна раскажуваше, „шокантната изведба“ на песната на Џорџ Мајкл „Careless Whisper“.

„Е.Т. му го промени животот
По гледањето на „Е.Т.“ на Спилберг со Хенри Томас, кој го играше Елиот, одлучи дека ќе стане актер.
Прво се запишал на училиште за глума, но се откажал кога ја добил улогата Дени Бирн во драмата на BBC Ballykissangel.
Глумата, како што самиот призна, му помогнала да стане човек.
- Не сум претерано образован. Не завршив ниту средно училиште, што ме ограничи. Во тоа време немаше индивидуален пристап кон студентите, а јас бев сонувач. Навистина не сонував за Холивуд, но погледнав низ прозорецот и фантазирав дека сум некаде далеку и го живеам животот. Барем мечтаењето секогаш било дозволено – рекол еднаш.
Уште од тинејџерските години имал проблем со пороците
Алкохолот и дрогата биле негова секојдневна рутина уште од неговите тинејџерски години.
- Бев пијан и користев опијати од својата 14-та година – признал актерот подоцна.
Сè кулминираше кога под дејство на алхохол паднал и си ја повредил главата тогаш му било јасно дека мора да оди на рехабилитација.
-Кога паднав и ја удрив главата во дворот, знаев дека морам да направам нешто. Не можете едноставно да престанете да пиете и да продолжите да се однесувате како порано. Алкохолот беше присутен во голем дел од мојот живот и е дел од мојот идентитет, поради него се чувствував како маж – изјави актерот, објаснувајќи дека му било многу тешко на рехабилитација, но дека тој е еден од среќниците кој успеал да го совлада и победи порокот.
По рехабилитацијата спасот го побарал во јогата.
Осомничен за убиство
Како 18-годишник имал проблеми со законот кога бил осомничен во случајот за убиство.
- Видов фото-робот на човек кој всушност извршил убиство, а кој личел на мене. За момент, испив премногу таа вечер, се запрашав дали навистина можев да направам такво злосторство. Ми кажаа како умре човекот, а човекот од цртежот навистина личеше на мене со густи веѓи, бенка на лицето и ирски акцент. Бев преплашен. За среќа, еден пријател конечно ја разбра целата ситуација и ѝ докажа на полицијата дека вечерта бевме на забава на другата страна од градот и користевме екстази – раскажа Фарел години подоцна во една телевизиска емисија.
Улогите кои ја одбележаа неговата кариера
Цело време додека минуваше низ различни животни фази, снимаше претежно холивудски хитови. „Воена зона“ беше една од улогите што му отворија големи врати, а подоцна имаше улоги во продукциите „Вишен извештај“, „Телефонска говорница“; „Бриж“, „Александар Велики“, „Криминалци“, „Господин“, „Тотал репозитив“ и многу други.
Еден од најголемите заводници во Холивуд
Тој не сака да зборува за приватниот живот, а неговата прва „јавна“ врска беше со британската актерка и пејачка Амелија Ворнер со која се ожени во 2001 година, но за жал се разведе по 4 месеци.

На листата на девојки со кои се забавувал се Анџелина Џоли, Линдзи Лохан, Кармен Електра, Деми Мур.
Болест на детето
Во 2003 година, тој го доби синот Џејмс со манекенката Ким Борденаве, која боледува од реткото генетско пореметување Ангелман синдром, кој се карактеризира со доцнење во психофизичкиот развој.
Во годините што следеа, актерот реши да се вклучи и стана амбасадор на Ангелман синдромот и работи на собирање средства за децата кои боледуваат од него.
Со полската актерка Алича Бахледа-Курус, во 2009 година го доби вториот син Хери Тадеуш.
Тој штотуку го посвети овогодинешниот говор на Златните глобуси на своите момчиња кога ја доби наградата за најдобар актер.
Кога ќе се наврати на својот досегашен живот, Колин Фарел признава дека направил многу грешки и повредил многу луѓе, но дека никогаш ништо не би променил, бидејќи тогаш не би бил таму каде што е денес.
- Се што можам да направам во иднина е да станам подобра личност, да учам од тоа и да се обидам повеќе да не повредам никого. Тоа е моја лична карма – изјави актерот.
