Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Орландо Блум: „Ја гледав смртта во очи, се плашев дека ќе останам парализиран“

Прославениот актер е заштитно лице на кампањата на УНИЦЕФ за менталното здравје на децата.

Незаборавни се неговите улоги како Леголас во филмската серија Господар на прстените, Вил Тарнер во Пиратите од Карибите, принцот Париз во епскиот историски спектакл Троја и многу други кои му донесоа лично богатство проценето на 50 милиони долари.

Во исто време, британскиот актер Орландо Блум стекна репутација на еден од најпосакуваните холивудски заводници, па пред врската со американската пејачка Кети Пери, неговата сегашна свршеница со која ја има двегодишната ќерка Дејзи, тој беше во брак со актерката Миранда Кер (имаат 11-годишен син Флин), а зад него се врските со Сиена Милер, Кејт Босворт, Линдзи Лохан, Хелена Кристенсен, Лив Тајлер…

Во слободното време е зависник од адреналин и ужива во екстремни спортови како скокање со падобран, банџи скокање , а сака и мотоциклизам, сноуборд и сурфање, поради што си ги скршил ребрата, носот, двете нозе, раката..

Сепак, најголемата несреќа ја доживеал како 19-годишник, кога го скршил пршленот откако паднал од висина на третиот кат. Имено, тој преку олукот се обидел да се качи на покривот од куќата на својот пријател, кога цевката попуштила,тој со тешки повреди завршил во болница.

„Имав среќа да останам жив, затоа што во тој момент буквално ѝ погледнав на смртта во очи. Од болницата прво ми кажаа дека не се сигурни дали ќе останам парализиран, а никој не се осмели да процени кога ќе можам самостојно да одам повторно“, рече тој во видеото снимено за потребите на кампањата на УНИЦЕФ.

“Тоа беше долго,болно и тешко патување до закрепнување – и физичко и психичко. Во тој период, морав да се соберам, да ги земам предвид сите мои претходни одлуки и начин на живот кои ме доведоа до состојба на беспомошност. Ништо не беше во моите раце повеќе, наместо тоа, бев целосно зависен од другите“, изјави актерот кој по операцијата ја напушти болницата со медицинска помош,со кревет кој му ја имобилизираше кичмата од вратот до колковите.

Следните месеци беа најтемниот период од мојот живот. Бев исклучително активен цел живот, а сега едвај се движав. Секој чекор беше болен, што сериозно ја наруши мојата самосвест, самодовербата и на крајот моето ментално здравје. Сепак, се снајдов со волја и со помош на семејството и пријателите кои ми беа најголема поддршка и од се научив дека секоја криза, повреда и болест е можност за промена. Затоа мораме да зборуваме за сите наши проблеми кои го загрозуваат нашето ментално здравје, а не да се затвораме. Кога ќе забележите дека некому му е потребна помош, прашајте го што го мачи, што е проблемот и слушајте го. Тоа е првиот и најважен чекор на патот кон закрепнување“, изјави актерот кој е заштитно лице на кампањата на УНИЦЕФ за ментално здравје.

Неговото омилено превозно средство е олдтајмерот мотоцикл Ducati

Со УНИЦЕФ работи од 2009 година кога беше назначен за амбасадор на добра волја за заштита на правата на децата, а се вклучи и во заштитата на украинските деца од последиците на руската инвазија.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement