Ќерката на поранешна брачна двојка која ретко се појавува во јавноста демонстрирала нов изглед.
Во една од не честите лични објави на нејзиниот инстаграм профил, Бела Кидман Круз демонстрирала нов изглед кој многу потсетува на нејзината славна мајка.
28-годишната уметница ја скратила својата долга кафеава коса, а новата боја на коса е она што ги воодушеви фановите.
Имено, Бела се ослободи од своите кафени прамени во корист на црвените нијанси, што би можело да значи дека ја имала својата црвенокоса мајка како пример и поттик.
Бела обично ги користи социјалните медиуми за да ги промовира своите уметнички дела, што ја прави нејзината последна објава уште поспецијална.
И таа и нејзиниот помлад брат Конор биле посвоени од Никол и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз за време на нивниот 11-годишен брак.
Иако со години се шпекулирало дека ниту Бела ниту Конор не разговараат со Никол поради нивниот ангажман во Скиентолошката црква, чиј најпознат член е Том, Никол истакнува дека тоа не е вистина.
„Мајчинството е како патување“, изјави таа за „Сан“ во 2019 година.
Актерката додаде: „Моите деца одлучиле да бидат скиентолози. Нашата работа како родители е секогаш да нудиме безусловна љубов.“


