Торта од пет ката, дијаманти и гламур на секој чекор и многу насмевки се само дел од раскошната забава на Хајди Клум.
Германската манекенка и супермодел од деведесеттите Хајди Клум го прослави својот 50-ти роденден во Лос Анџелес и тоа со голем стил.
Познатата убавица ги собра своите најблиски и многу познати личности на забава чија тема беа забавите од дваесеттите години на минатиот век, пред се романот „Големиот Гетсби“ од Скот Фицџералд, па и роденденската девојка и нејзините гости беа стилизирани во духот на стариот холивудски гламур.Бидејќи Хајди Клум важи за некрунисана кралица на Ноќта на вештерките и не штеди пари кога сака да си приреди вечер за паметење, така беше и со прославата на нејзиниот 50-ти роденден.
Како што пренесуваат американските медиуми, Хајди ги дувала свеќите на луксузната петкатна торта, а носела фустан обложен со кристали, светло бело крзнено палто и аксесоар на глава кој исто така бил украсен со многу кристали, заедно со неизбежни дијаманти.
Меѓу нејзините гости беа и нејзините блиски пријателки Софија Вергара и Алесандра Амбросио, кои споделија дел од атмосферата од прославата.
На забавата највесели биле Хајди и нејзиниот сопруг Том Каулиќ, а неколку пати биле снимени како разменуваат нежности.
Меѓу оние кои јавно и го честитаа роденденот на манекенката беше и нејзиниот девер и познат музичар Бил Каулиц, кој не пропушта да и го честита специјалниот ден на својата снаа на Инстаграм.
- Не можам да ти кажам колку те сакам – ѝ порачал Бил.
