Џеклин Бувиер Кенеди е сè уште, дури од времето кога беше прва дама на Америка, икона на стил чиј префинет вкус и елеганција се уште се памети.
Комплети со здолниште до под колено, едноставни јакни со ракави 3/4, но и фустани без ракави во форма на А, во комбинација со ракавици кои завршуваат над лактите, станаа препознатливи парчиња што се врзуваат за нејзиното име и стил.

Шанел беше нејзин избор за кобниот ден кога беше убиен Џон Кенеди во Далас.
Иако за време на турнејата добила жолти рози на аеродромите, токму тој ден добила букет црвени рози.
Џеки беше видена во овој розов костум додека возеше во Далас во претседателската лимузина, но и додека се обидуваше да излезе од задното седиште откако беше застрелан нејзиниот сопруг.

- „Секојпат кога ќе излезевме од авионот тој ден, добивав жолти рози. Добив црвен букет во Далас и помислив – колку невообичаено. На крајот, седиштето беше полно со крв и црвени ливчиња“ – подоцна се присети Џеклин …

Подоцна во текот на денот, Џеки одби да ја соблече облеката облеана во крв на нејзиниот сопруг и ги повтори зборовите: „Нека видат што направија“.
Џеки го носеше овој костум дури и кога новиот претседател положи заклетва. Костимот не беше измиен и беа видливи дамки од крв.

Џеки го носеше ова трагично парче шест пати пред кобното патување. И денес се чува во Мериленд, а мајката на Џеки го донесе таму 6 месеци по атентатот.
Дамките од крв сè уште не се исчистени, а костимот ќе биде достапен на јавноста во 2103 година.
Интригирачки е што капата на Џеки Кенеди исчезна. Секоја трага од него се губи по атентатот.

