Стресот стана составен дел од животот – од будење до спиење сме изложени на бројни вознемирувачки ситуации. Но, не реагираме сите на секоја стресна ситуација исто; некои лудуваат од чекање, некои се чувствуваат фрустрирано кога не можат да ги контролираат другите, а некои стравуваат дека со своите постапки ненамерно повредиле други.
Овен
Овните сакаат да живеат со забрзано темпо и се навикнати веднаш да го добиваат она што го сакаат. Доколку не го постигнат тоа или ако имаат послаби резултати во работата, тие чувствуваат голем стрес. Тие сакаат да се натпреваруваат и полудуваат кога некој ќе постигне подобри резултати од нив.
Бик
Бикот секогаш е воден од фактите и реалната состојба на работите со цел да стори сé што правилно. Ако се соочи со незнаење и претпостави дека тоа може да влијае на квалитетот на работата што ја работи, тие почнуваат да се фрустрираат.
Близнаци
Луѓето родени во овој воздушен знак се најмногу под стрес со донесување на каква било одлука, особено кога луѓето блиски до нив – членови на семејството или пријатели – зависат од нивната одлука.
Рак
Секое патување на Раковите е еднакво на катастрофа. Тие се навикнати да функционираат во рамките на нивните четири sида и секоја промена од тој тип ги прави напнати.
Лав
Лавовите се контролни изроди, и ако „мирисаат“ дека нема да можат да ги држат сите конци во своите раце во одредена ситуација, тие чувствуваат стрес.
Девица
Луѓето родени во овој знак научија дека секогаш мора да ја преземаат водечката позиција и да бидат последни. Тие мразат кога некој ќе им ја одземе можноста да завршат разговор и таквата ситуација им создава стрес.
Вага
Вагите сакаат да ги задоволуваат другите и во повеќето случаи не сакаат да се караат. Тие поминуваат премногу време размислувајќи дали треба да се спротивстават на неправедни луѓе или е поумно да попуштат, а тоа им создава напнатост во главата.
Скорпија
На луѓето родени во овој знак на Зодијакот им треба многу време да се отворат, бидејќи се плашат дека луѓето ќе ги изневерат. Тие се под стрес кога ќе започнат да ја покажуваат својата ранлива страна на луѓето во кои имаат доверба и не им веруваат и мислат дека тоа е само претстава.
Стрелец
Стрелците мразат кога некој се обидува да ги контролира. Тие исто така се под стрес кога ќе видат дека работите не одат според нивниот пат или кога некој се сомнева во нивната искреност и добра намера.
Јарец
Ако нешто може да ги напне, тоа се информациите за кои другите луѓе молчеле.
Водолија
Иако се хиперинтелигентни и способни, луѓето родени во овој хороскопски знак постојано се сомневаат во себе. За нив, стресот предизвикува недостаток на самодоверба и постојана споредба со другите луѓе.
Риба
Рибите се под најголем стрес кога мислат дека направиле нешто лошо и повредиле некого. Тие исто така можат да бидат под стрес ако видат дека страда некој што го сакаат.

