Изглед, шминка, начин на облекување – сето ова привлекува внимание, но она што мажите го бараат е нешто друго и доколку ги имате овие три квалитети, можете да го освоите секој маж.
Насмевка
Она што тука се мисли не е бесмислено кикотење на неговите шеги, што тој самиот не ги разбира, туку со таа искрена насмевка, од срце, што е најдобриот афродизијак за мажите.

Сексапил
Тоа не е ни тесен фустан во кој не можете да дишете или најновите потпетици во кои не можете да одите, туку енергијата што ја имате за да ги привлечете мажите како магнет. Може да бидете секси во памучна бела маичка и фармерки, расфрлани кадрици и без шминка.

Самодоверба
Кога ќе сфати дека сте жена која има голема самодоверба, сигурно ќе станете жена што мажот сака да ја освои. Жената која се сака и се цени е фатална. Ќе оди храбро, со крената глава, погледот само ќе прекрсти други луѓе … Да, тоа е клучот за успехот.
