Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ова се добитниците на Оскар 2022: „Дина“ освои најмногу награди, а „Кода“ најдобар филм на годината

Лос Анџелес, во театарот Долби се одржа филмска свечена церемонија – 94-то доделување на Оскарите. По три години без водител, овогодинешното доделување го водеа три актерки – Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс.

Филмот „Дина“ кој освои дури 6 награди за сценографија, звук, камера, оригинална музика, монтажа и визуелни ефекти, наградата за најдобра актерка ја освои Џесика Частијан, додека Вил Смит е прогласен за најдобар актер.

Во продолжение погледнете ја листата на победници…

НАЈДОБАР ФИЛМ – „КОДА“

Филмот „Кода“ имаше номинации во три категории и сите три ги освои. Најдобра споредна машка улога Трој Коцур и најдобро адаптирано сценарио.

Најдобра актерка – Џесика Честејн за „Очите на Тами Феј“

Најдобра шминка и фризура – „Очите на Тами Феј“

Најдобар актер – Вил Смит за „Кралот Ричард“

Најдобар режисер – Џејн Кемпион

Најдобра песна – „No Time to Die“ на Били Ајлиш

Најдобар долгометражен документарен филм – “Summer of Soul”

Најдобро оригинално сценарио – Кенет Брана за филмот „Белфест“

Најдобар костим – „Круела“

Најдобар краток игран филм – „Долги поздрави“

Најдобар меѓународен игран филм – „Поврзи ме“ од Јапонија

Најдобра споредна машка улога – Трој Коцур

Најдобар анимиран краток филм – „Бришач“

Најдобар цртан филм – „Енканто“

Најдобри визуелни ефекти – „Дина“

Најдобар краток документарен филм – „Кралица на кошарката“

Најдобра фотографија – „Дина“

Најдобра споредна женска улога – Аријана Дебоз

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement