Еден од најголемите холивудски заводници ја шокираше јавноста откако кажа што користи за нега на кожата на лицето.Том Круз со години го привлекува вниманието на јавноста не само поради својата маестрална глума, туку и поради неговиот изглед.Миленикот на женската публика во последните неколку години често е на удар на критики, бидејќи се подложи на естетски третмани, кои, би рекле, не дадоа добри резултати.
Така имавме можност да го видиме отечен, со деформирано лице, а неодамна следеше нешто уште полошо.
Имено, Том се обиде да објасни дека всушност не користи ботокс, туку сосема поинаков метод.
- Изгледа дека Том претерал со инјекциите против брчки и филери, кои всушност негативно се одразиле на неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од процедурата може да биде искривен и неприроден изглед – изјави еднаш врвниот естетски хирург Нила Раја.
Том ги демантираше сите пишувања во медиумите дека отишол на разубавување, но потврдил нешто што ги згрозило луѓето ширум светот. Како што вели, веќе неколку месеци користи птичји измет за да си го направи лицето затегнато и убаво.
Извор близок до актерот откри дека неговата кожа никогаш не изгледала подобро и сето тоа благодарение на скапиот третман. Овој метод вклучува мешање на измет од славеј со оризови трици и вода и нанесување на смесата на лицето како маска.
- Том не се занимава со ботокс или операција, туку посветува големо внимание на сите нови природни третмани. Неодамна почна да експериментира со лечење на птичји измет, поточно славејчиња, а тоа му го препорача еден холивудски пријател, а резултатите беа фантастични – рекол изворот.
