Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА НА НАЈУБАВИ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ, ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ? Актерката победи убедливо, по 3-ти пат ја освои оваа титула!

Објавена годишната листа на најжешките славни дами, а првото место и припадна на актерката која заработува милиони!

Кога неодамна беше објавена листата на најубави луѓе, составена од научници со помош на посебен метод, резултатите изненадија многумина. Тогаш првото место го зазеде Бела Хадид, која доби 94,35 проценти совпаѓање со старогрчките стандарди за убавина. Многумина не се сложија со тоа, а набрзо беше симната од тронот од славната актерка Џоди Комер.

Сепак, ниту една од нив не победи кога се во прашање најжешките дами. Како и секоја година, австралиското издание на магазинот Maxim ја објави својата годишна листа на најжешките познати жени од светот на актерството, спортот и музиката.

Првото место го зазеде актерка чиј лик ви е добро познат, а кој им се допаѓа на многумина.Маргот Роби е прогласена за најубава актерка, жена која по трет пат ја освои оваа ласкава титула! Роби се прослави со улогите во филмовите „Wolf Of Wall Street“, „I, Tonya“, „Suicide Squad“ и „Bombshell“, а публиката од нашите простори моментално може да ја гледа во филмот „Amsterdam“. Инаку, неодамна беше откриено дека Маргот ја носи титулата најплатена холивудска ѕвезда и сето тоа поради хонорарот што го добила за филмот „Барби“.

Странските медиуми пишуваат дека Маргот добила неверојатни 12,5 милиони американски долари за улогата во филмот снимен според истоимената кукла! Ова е дефинитивно убав заклучок за 2022 година за Маргот Роби, која еднаш откри како одржува здрав и убав изглед.

“Сакам храна, вино и добро време со пријателите. Исто така, не ми се допаѓа чувството да знам дека не изгледам најдобро. Добрата исхрана и тренинзите мора да бидат на прво место во мојот живот за да се чувствувам добро “, изјави актерката која сака да игра тенис, да трча и да танцува.

„Мислам дека најпривлечно е да се забавуваш и да бидеш слободен, да го правиш она што те прави да се чувствуваш најдобро за да му ги покажеш на светот твоите најдобри квалитети“, заклучила актерката.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement