Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

НОВИОТ АЛБУМ НА БИЈОНСЕ ПРИСТИГНУВА ПО 6 ГОДИНИ ПАУЗА, излегува кон крајот на јуни…

Обожавателите на Бијонсе едвај го чекаат крајот на јуни бидејќи поп дивата го најави објавувањето на новиот албум наречен „Renaissance“. Нејзиниот прв албум по 2016 година и седми по ред во кариерата ќе ја види светлината на денот на 29 јуни.

„Првиот чин … РЕНЕСАНСА“, пишуваше на нејзините социјални мрежи, што би можело да значи дека албумот ќе има неколку изданија.

Инаку, Бијонсе отсекогаш била таинствена за новите музички изданија. Пред 9 години без никаква најава издаде албум што го носи нејзиното име, додека во 2016 година само една недела претходно објави промотивен оглас за прославената „Лимонада“. Да потсетиме, овој албум-филм беше лична исповед на пејачката за прељубата што ја доживеала од нејзиниот долгогодишен партнер Џеј Зи, а по нејзиниот пат на болка, исцеление и простување.

Во последниве години, таа соработуваше со Џеј Зи на специјалитетот „Everything is Love“ во 2018 година, додека следната година го објави документарниот филм „Homecoming“, кој го следи нејзиниот настап на фестивалот Coachela, неколку месеци по раѓањето на близнаците.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement