Шанел ќе одвои 35 милиони долари за инсталирање на соларни панели.
Уште во 2013 година, Карл Лагерфелд ја претстави конфекциската летна колекција на Шанел директно на огромен соларен панел наместо на писта, на кој беа поставени ветерници. Сега брендот сериозно размислува за обновливи извори на енергија.
Тие ќе обезбедат 35 милиони долари за проекти во оваа област што ќе им помогнат на семејствата со ниски примања во Калифорнија. Марката започна добротворен проект во партнерство со Санрун, една од најголемите американски компании во обезбедувањето соларни панели, батерии и обезбедување енергија на домовите.

Парите на Шанел ќе одат во фонд што ќе инсталира соларни панели за 30.000 жители на Калифорнија. „Одлучивме да го започнеме нашиот прв проект за обновлива енергија во САД затоа што Калифорнија има силна еколошка иницијатива и ветувачка соларна политика“, рече портпаролот на Шанел.
Според француската модна компанија, проектот треба да им помогне на семејствата со ниски примања да заштедат просечно од 40 до 50 долари месечно во трошоците за енергија. Проектот ќе ги опфати оние куќи во кои 80% од населението има приход помал од 60% од просекот на областа.
