Сопругата на принцот Алберт од Монако, принцезата Шарлин учествуваше во дистрибуцијата на Божиќни подароци, и таа драстично го смени имиџот за тој настан. Вообичаената боб-фризура на 42-годишната Шарлин беше заменета со фризура „Half-Hawk“, односно кратка фризура и избриченa едната страна на главата.
За време на нејзиното официјално појавување, Шарлин носеше златно-црна комбинација, како и маска за лице со светки.

Со својата нова фризура, Шарлин се појави порано во текот на денот на крштевањето на бродот именуван по нејзината ќерка принцезата Габриела, но по тој повод ја скри својата нова фризура со црна беретка.
Еден учесник во крштевањето на бродот за списанието „Пипл“ изјави дека одблизу и под беретка може да се види дека нејзините страни и тилот се целосно избричени, а новиот изглед на принцезата е опишан како „бизарен панк стил“ и „апсолутно изненадување“.

Принцезата Шарлин годинава веќе експериментираше со нови фризури, па во еден момент се појави со бебешки шишки.
На овој настан, таа беше придружувана од нејзиниот сопруг, принцот Алберт и децата: Габриела и Жак, кои штотуку го прославија својот шести роденден.
