Светски познатиот актер Николас Кејџ и неговата сопруга Рико Шибата вчера го добија своето прво заедничко дете.
Пораѓањето се случило во болница во Лос Анџелес, а портпаролот на актерот за People изјавил дека „мама и бебето се добро“.
Да потсетиме, ова е трето дете на Кејџ, од претходните бракови ги има синовите Кал-Ел (16) и Вестон (31).
Актерот неодамна истакна дека е исклучително среќен бидејќи неговата сопруга наскоро ќе се породи:
- Моите момчиња се сите пораснати, а ми недостига да одам во продавница за играчки. Ми недостига да пеам приспивни песни и да се лулам на столчето за лулка. Со нетрпение очекувам да се вратам на тоа“, изјави оскаровецот.
