Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

НИКОГАШ ПОВЕШТАЧКА И ПОСРЕЌНА: Се гледа себеси во огледало во нереално светло, па стана најлошата можна верзија од себе…

Меган Фокс и Машин Ган Кели пристигнаа заедно на премиерата на неговиот документарец, а на црвениот тепих изгледаа како да излегле од продавница за кукли.

Иако некогаш за неа се пишуваше само во позитивни суперлативи, актерката и манекенка Меган Фокс денес е цел на зголемени критики.

Зошто? Затоа што своето убаво лице, по кое со години беше позната како една од најубавите жени во Холивуд, го претвори во пластична кукла. На 36 години изгледа како да е во дваесеттите, сето тоа поради премногу корекции што ги направила на себе.

И уште една потврда за горенаведеното, ни дојде со нејзиниот нов јавен настап.

Нејзиниот свршеник, музичарот Машин Ган Кели, и таа се појавија на црвениот тепих во Њујорк за премиерата на неговиот документарен филм „Machine Gun Kelly’s Life in Pink“.

Мора да признаеме – изгледаа како некој да ги извадил од излог за кукли. Машин носеше исечена розово-сина маица, бели панталони со синџири, бели патики и секаков накит што можеше да го облече – нараквици, прстени, бисерно ѓердан и обетки. Дури и ја обои косата во розова боја.

До него позирала Меган, која исто така се појавила со бебешка розова коса, а модерно му прилегала на идниот сопруг – искомбинирала минијатурен розов фустан со сандали со врвка.

Поделените коментари во јавноста повторно се појавија кога станува збор за нејзиниот изглед. Додека едни коментираат дека изгледа совршено и никогаш не се подобрува, други сметаат дека целосно ја уништила својата природност и сето тоа поради физичка дисморфија.

Имено, станува збор за ментално растројство кое го карактеризира искуството на болен човек дека неговите делови од телото се деформирани, непривлечни, грди, дури и одвратни, додека дефектот за кој зборува всушност едвај се гледа или воопшто не постои. Меган пред неколку месеци призна дека долго време се бори токму со тоа.

Сепак, изгледа дека Меган е посреќна со овој „нов“ изглед, иако никогаш не изгледала повештачко.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement