Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Ние сме богати, не вие“! Актерскиот пар ништо нема да им остави на децата за да не ги разгалат: Ќе добијат пари под еден услов…

Ештон Качер и Мила Кунис не сакаат нивните деца да растат разгалени и привилегирани и нема да им остават ништо од нивното богатство кое се проценува на 275 милиони долари.Актерската двојка Мила Кунис (39) и Ештон Качер (45) се во брак од 2015 година и имаат две деца, Вајат Изабел (8) и Димитри Портвуд (6).

Тие се познати по своите необични ставови кога станува збор за родителството, а еден од најзабележителните е тоа што не ги капат децата „додека не почнат да смрдат“.

Деновиве повторно се во центарот на вниманието, а еве зошто.

Имено, Ештон Кучер гостува во подкастот „Armchar Expert“ дека неговата сопруга и тој „не сакаат нивните деца да станат разгалени и привилегирани, туку да бидат мотивирани да работат напорно“.

Kоментираa и дека повеќе би сакале своето богатство, проценето на 275 милиони долари, да го донираат во добротворни цели отколку да им го дадат на своите деца.

Во оваа прилика напомена дека неговите деца веќе живеат привилегиран живот и дека тоа не го ни знаат, а тој и Мила ќе направат се за да не пораснат разгалени.

  • Нема да им отворам сметка во банка. Нашите пари ќе ги донираме во различни добротворни цели – рекол Кучер.

Како што истакна, единствената отстапка што ќе ја направи е да им понуди на своите деца финансиска поддршка доколку сакаат да започнат бизнис.

  • Ако моите деца сакаат да започнат бизнис, а имаат добар бизнис план, ќе инвестирам во него – рече Кучер.

Некои корисници на Твитер жестоко реагираа на оваа изјава на актерот.

„Замислете да имате среќа да се родите богати и родителите да ви кажат Ние сме богати, а не вие“, „Можеа да им остават барем милион“, беа само дел од коментарите.

Некои корисници на социјалните мрежи коментираат дека сите ние се стекнуваме со пари за да можеме да им ги оставиме на нашите деца и дека „никогаш не слушнале поголема глупост“.

Прочитај

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Green Tea

При одржување на која било романтична врска, експертите истакнаа неколку навики кои можат да помогнат врската да преживее дури и во најтешките периоди. Успешната...

Green Tea

На која возраст всушност почнуваме да старееме? На која возраст всушност почнуваме да старееме? Според една студија, стареењето се случува брзо во текот на...

Wall Street

Инстант лозот „Калинка“ е еден од најпрепознатливите и најомилените лозови на Државна лотарија. Пласиран уште во 2010 година како прв паричен лоз во историјата...

Advertisement