Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Не убиваа од ќотек“: Џенифер Лопез ја раскажа ТЕМНАТА СТРАНА НА ДЕТСТВОТО и откри се за односот со мајка си…

Џенифер Лопез започна вистинска лавина од коментари по неодамнешното објавување на нејзиниот документарен филм Halftime, во кој откри многу детали од нејзиниот живот.Познатата Џенифер Лопез привлекува внимание на различни начини, а една од најновите вести е дека таа и Бен Афлек тајно се венчале во луксузен хотел.

Џеј Ло како и секогаш е по малку мистериозна, а дополнителна прашина крена инцидентот од пред две години. Имено, откриено е дека Џеј Ло била многу лута што на еден настан морала да ги сподели сцената и времето со Шакира.

Дури и обожавателите на Џеј Ло беа шокирани од тоа колку е арогантна дивата, а сега од нејзиниот документарец дознаваме какво детство имала пејачката, како и каков бил нејзиниот однос со нејзината мајка.

-Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Го направи тоа што требаше, и поради тоа е силна, но поради тоа е и безобразна. Нè тепаше, нè уби со ќотек – започнала Џенифер.

Да потсетиме, таа има уште две сестри, а нејзината мајка истакнала дека најмногу проблеми имала со пејачката и дека секогаш ги учела да бидат самостојни и силни.

  • Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека сè правев имајќи ги на ум нивните најдобри интереси. Сакав да одгледам три девојки за да не зависат од мажи. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро. Но, Џенифер беше најлоша, искрено, најтешко ми беше со неа – рекла нејзината мајка.

Џенифер Лопез на крајот додала дека поради танцот морала да го напушти домот, бидејќи нејзината мајка инсистирала да го заврши училиштето, а потоа да прави што сака. Сепак, Џеј Ло реши да се посвети на танцот, па на 18 години побегнала од дома.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement