Актерката, која со години боледува од оваа болест, стана симбол на борбата против ракот на дојката.Шенон Доерти овој месец наполни 51 година, а оваа актерка стана симбол на борбата против ракот на дојката, од кој боледува од 2015 година. Шенон славата ја стекна со серијата „Беверли Хилс 90210“, која се емитуваше на малите екрани во 90-тите.
Љубовен живот
Шенон позираше за „Плејбој“ во 2003 година, а зад малите екрани актерката имаше многу возбудлив љубовен живот. Имено, таа се омажи за Ешли Хамилтон во 1993 година, а нивниот брак траеше една година.

Таа се омажи за Рик Соломон пред две децении, а со него остана во брак една година. Таа додека ја снимаше серијата „Charmed“ беше во врска со колегата Џулијан Мекмен.
Нејзиниот трет брак со Курт Исвариенко беше во 2011 година. Венчавката била организирана во Малибу, а само една година пред свадбената церемонија, актерката за магазинот „People“ изјавила дека бракот бара голема посветеност и дека по два развода нема лесно да стои пред олтарот.
Актерката со години е во брак со уметникот Курт Исвариенко, кој и беше голема поддршка во сите години борба со тешката болест.

