Прво дојде Џиџи, а потоа Бела. Девојките од семејството Хадид блескаат и жарат на модната сцена. Многумина би рекле дека Џиџи има харизма и знаење, додека Бела сака постојано да е на граница и не може да одлучи дали ќе биде заводничка или скромна девојка.
Така беше и овој пат. Оваа прекрасна 25-годишна манекенка ја скокотка својата имагинација со серија провокативни фотографии на Инстаграм, на кои позира во ласциозната креација на познатиот дизајнер Жан Пол Готје.
Бела облекла винтиџ креација стара речиси две децении, а се работи за нежна, лелеава, заводлива тоалета од проѕирен сив тул со шлицови во пределот на градите.
Самиот фустан е крајно сензуален, но манекенката целосно го „зачини“ моментот, позирајќи провокативно додека постепено не го облекла аутфитот. Така едната страна од телото остана изложена на погледот, со акцент на голиот задник на Бела.
Овие фотографии собраа речиси милион лајкови, но и бројни коментари – некои полни со пофалби, некои остри критики. Но, кога станува збор за светот на Бела, секогаш мислењата се поделени.
„Најжешката жена на сите времиња“, „Ти си толку убава, а убавината на твојата душа буквално сјае“, „Совршенство“, „О, Боже, какви фотографии“, „Проклето си совршена“, „Сакаш внимание како средовечна домаќинка“, „Икона“, „Досадна, како и секогаш“, „Постојано и се менува лицето“, „Воопшто не е привлечна, не ја разбирам лудоста по неа“, се само некои од коментарите.



