Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

НЕТИПИЧНО Џорџ Клуни откри како ја одржува романсата во брак

Можеби тоа го спаси од развод…

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга ги преживеаја нападите на медиумите минатата година, кои повеќепати пишуваа дека нивниот брак е на работ на развод поради премногу чести кавги. Џорџ уште еднаш стави крај на ваквите шпекулации во интервју за AARP, при кое откри како ја одржува „огнената“ романтична врска со 42-годишната адвокатка за човекови права. Имено, тој секој ден и пишува романтично писмо на хартија и го остава на нејзиното биро, или под перница.

„Силно верувам во писма. Имам писма од Пол Њуман, Валтер Кронкит, Грегори Пек. Сите ги имав врамени и закачени на ѕидот. Да беа печатени трудови, тие не би ми значеле толку многу, дури ни блиску. Можеби е прашање на нашата генерација и можеби целосно ќе згасне за 20 години, но тоа ми значи многу“, рече некогаш најпосакуваниот ерген во Холивуд. Тој откри дека Амал е исто така голема обожавателка на ракописни писма и дека заедно започнале да им пишуваат писма на своите деца, тригодишните близнаци Ел и Александар, кои ќе читаат кога ќе пораснат.

Имено, секоја година 59-годишниот актер и неговата сопруга одат на одмор сами барем еден викенд, без деца, но тие секогаш им пишуваат писмо пред тоа и го датираат. Тие веруваат дека децата еден ден ќе им биде драго што ќе можат да го прочитаат и да имаат меморија. Да потсетиме, актерот, родум од Кентаки, неодамна уште еднаш стави до знаење дека бракот е добар, кога во едно интервју призна колку му се сменил животот на подобро од кога се запознал со Амал. „За прв пат во мојот живот, сè што се случува со Амал стана поважно од сè што мене ми се случува“, изјави тој.

Дека нивната врска е стабилна потврди и списанието Women’s Day, кое неодамна напиша дека парот тајно се венчал. „Тие имаа тешки шест години брак, со сите озборувања околу Холивуд за развод. Нивните пријатели стравуваа дека нивниот брак нема да ја преживее познатата седма година. За среќа, тие се уште се заедно и дури сега тајно ги обновија своите завети во љубов и поддршка едни за други“, изјави тогаш анонимен извор.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement