Се чини дека по Бред Пит и Анџелина решила да и даде нова шанса на љубовта.Љубовната приказна на Анџелина Џоли и Бред Пит порано ги полнеше колумните во весниците.
Тие се запознале на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“, а нивната љубов не можелo да ја спречи ниту тоа што американскиот актер тогаш бил во брак со актерката Џенифер Анистон.
Но, романсата заврши во 2019 година и сега повторно ги полнат колумните во весниците, но овој пат поради судскиот процес во кој се наоѓаат.
Беа упатени многу валкани зборови и тешки обвинувања, и драго ни е што и двајцата решија да продолжат со својот живот.
Во последните месеци се шпекулира за новата романса на Бред Пит со 29 години помладата Инес де Рамон, поранешна сопруга на актерот Пол Весли.
А сега во странските медиуми се појавија шпекулации дека и Анџелина решила да и даде уште една шанса на љубовта, а фотографијата која беше причина за сите шпекулации стана вирална.
Анџелина Џоли беше фотографирана со актерот Пол Мескал во ресторан откако ја гледаше неговата претстава „Трамвај наречен желба“ во театарот Алмеида во Лондон.
Angelina Jolie and her daughter Shiloh went out for a coffee with Paul Mescal after seeing his play “A Streetcar Named Desire” at Almeida Theatre.
— best of angelina jolie (@bestofajolie) December 30, 2022
December 29, 2022. pic.twitter.com/ojudnrtGc0
Новите пријатели биле фотографирани во театарското кафуле во навидум пријатен разговор, а околу нив имало празни маси, па имале целосна приватност, а подоцна на состанокот им се придружила и ќерката на Анџелина, Шајло (16).

Ирскиот актер Пол Мескал (26) е 21 година помлад од Анџелина, а најпознат е по своите театарски улоги. Неодамна играше улоги во филмовите „Изгубената ќерка“, „Божји суштества“ и „Афтерсун“, а познат е и по серијата „Нормални љуби“.
Пол за малку ќе се оженеше со пејачката Фиби Бриџерс, дури и се верија, но набрзо по веридбата раскинаа, а британските медиуми пишуваат дека тој е новиот избраник на Анџелина.
Засега ниту Анџелина ниту Пол не направиле никакви инсинуации за нивната врска.
