Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Неколку месеци се гледаат во тајност: Жизел Бундхен во врска со пријателот на бившиот сопруг?

Жизел Бундхен е видена со инструкторот за џиу-џицу Јоаким Валенте, но некој друг и го освоил срцето, пренесуваат странските медиуми.

Пет месеци откако стави крај на нејзиниот 13-годишен брак со спортистот Том Брејди, манекенката Жизел Бундхен продолжи понатаму. И не, не се работи за нејзиниот инструктор џиу-џицу Јоаким Валенте.

Да потсетиме дека во неделите по разделбата на најубавата двојка се шпекулираше дека манекенката е во врска со нејзиниот инструктор за џиу-џицу, бидејќи тие се фотографирани заедно во Костарика.

Двајцата биле видени како јаваат заедно, но и на вечера со децата на Жизел, Бенџамин и Вивијан, кои ги имала со Брејди.

Двајцата беа забележани како се шетаат заедно во Костарика оваа недела.Меѓутоа, со оглед на тоа што со нив бил и братот на Валенте, тоа не било романтично патување.

Уште повеќе, извори за Daily Mail  велат дека вистинскиот маж во животот на Жизел е многу поблиску до нејзиниот дом, а многу поблиску до нејзиниот поранешен сопруг.

– Жизел го поминува времето со Џефри Софер – открил добро информиран извор.

  • Се гледаат неколку месеци и се среќаваат тајно околу еднаш неделно – додава изворот.

Инвеститорот и хотелиер Џефри Софер поседува голем број луксузни имоти, вклучувајќи го и легендарниот хотел Fontenblo во Мајами.

Од 2013 до 2017 година, тој беше во брак со австралискиот супермодел и актерка Ел Мекферсон.

А според добро упатени извори, Џефри и Том Брејди се добри пријатели со години.

Тие двајца последен пат беа видени заедно во јануари кога фудбалската ѕвезда беше фотографирана како поминува квалитетно време со ќерката Вивијан.

Подоцна истиот ден, тие беа видени како се дружат во Мајами со заедничкиот пријател Дејвид Бекам и неговите деца.

Интересно е тоа што кога Брејди барал земја за да го изгради својот дом со Жизел во 2020 година, купил имот во близина на еден пријател, пространата палата на Софер во Мајами.

Од друга страна, во октомври минатата година Жизел Бундхен купила куќа на плажата спроти нејзиниот поранешен сопруг и човекот за кој сега тврдат дека е нејзината сегашна љубов.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement